Pininfarina го објави името за концепт возилото

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанската дизајнерска компанија Pininfarina од Торино, претходно годинава го откри својот концепт автомобил PF0, а по само неколку месеци доаѓа и официјалното име на овој концептен автомобил.

Како што соопштуваат од компанијата овој супер спортски автомобил ќе го носи називот Battista. Инспирацијата за овој назив доаѓа од името на основачот на оваа дизајнерска куќа, а официјалната саемска премиера на продукцискиот модел е планирана за во Женева следната година.

Инаку PFO е целосно електрифициран автомобил кој со своите неверојатни перформанси треба да се вброи на врвот на листата на најдобри електрифицирани автомобили. Овој автомобил ќе го придвижуваат четири електрични мотори, по еден за секое тркало, а заедно ќе продуцираат околу 2.000 КС што ќе овозможи забрување до стотка за помалку од 2 секунди, а до 300 км/ч за помалку од 12 секунди.

Максималната брзина која може да ја постигне изнесува нешто над 400 км/ч. Во производство се очекува овој концепт да влезе во 2020 година, а цената ќе се движи од 2 до 2.5 милиони американски долари. Планирано е да се произведат само 150 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK