Peugeot подготвува нов мал кросовер

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Peugeot има амбициозни планови за SUV сегментите. По успешното лансирање на 3008 и 5008 сега Peugeot планира да ја засили својата присутност со лансирање на најмалиот во понудата SUV, 1008.

Оваа информација ја објави германски AutoBild кој на својот интернет сајт објави рендер од можниот изглед.

Овој модел кој ќе биде позициониран под 2008 се очекува да има идентични дизајнерски црти како и новите генерации од останатите модели. Во понудата се очекува да дојде со неколку три цилиндрични турбо мотори со погон на предните тркала.

Шпекулациите говорат дека францускиот производител размислува и за воведување на нов четири цилиндричен дизелски мотор, но неговото лансирање зависи од дополнително најавените рестрикции на дизел возилата.

AutoBild пишува дека продажбата на овој модел би требало да стартува на почетокот на 2020 година што значи премиерата на концепт моделот треба да се случи во текот на 2019 година.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK