Peugeot го има “лекот” за Германците: 400 КС од 508!

ОБЈАВЕНО НА:

Последните две децении германските производители владеат со автомобилската индустрија на “Стариот континент”.

И покрај супериорноста, истиот тој период италијанските, а особено француските производители постојано се обидуваат да заземат дел од пазарниот колач. Сепак безуспешно.

Сега години подоцна од “лабораторијата” на Peugeot доаѓа супер автомобил под називот 508 кој францускиот производител го развиваше и лансираше се со цел да биде вистински конкурент на германските лимузини.

За тоа да биде така Peugoet само неколку месеци по комерцијализацијата на 508 ја лансираше и Sport изведбата. Оваа изведба доаѓа со основен 1.6 литарск ибензински мотор со 200 КС придружен од два електромотори кои продуцираат дополнителни 204 кС.

Така овој автомобил вкупно располага со 400 КС и 500 Nm, а тоа овозможува до 100 км/ч да забрза за само 4.3 секунди. Сепак и покрај огромната моќ, максималната брзина е лимитирана на 250 км/ч.

Премиерата на оваа изведба ќе се случи на саемот за автомобили во Женева кој стартува на 5 март.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK