Peugeot 3008, 5008 и Citroen C5 Aircross со ист проблем

ОБЈАВЕНО НА:

Три модели на PSA кај кои е детектиран ист проблем ќе треба да заминат на сервис заради отстранување на дефектот. Се работи за моделите Peugeot 3008, Peugeot 5008 и Citroen C5 Aircross.

Во објаснувањето за детектираниот проблем се вели: „Заварувањето на влечната шипка може да биде неисправно. Како резултат на тоа, спојницата на приколката може да се скрши зголемувајќи го ризикот од несреќа“

Кај вкупно 3.447 возила од Peugeot 3008 и Peugeot 5008 е детектиран ваков проблем, и сите се произведени во периодот од 15 декмеври 2016 до 19 декември 2020 година. Сите се произведени во Франција, а детектирани проблеми биле во Германија и Полска.

Peugeot recall code: KJJ
Affected models: 3008, 5008
Vehicle numbers (worldwide): 3 447

Source: Rapex Alert 19/2021 A12/00646/21

Проблемот кај Citroen C5 Aircross е воочен кај 2.394 модели произведени во периодот од 18 јули 2017 до 14 декември 202 година. Сите се произведени во Франција, а детектирани проблеми биле во Германија и Полска.

Citroen recall code: HNX
Affected models: C5 Aircross
Vehicle numbers (worldwide): 2 394

Source: Rapex Alert 19/2021 A12/00645/21

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK