Европскиот систем за предупредување за опасност за не прехрамбени производи објави дека Peugeot 208 ќе мора да повика на сервис неопдреден број на возила произведени во период од шест месеци во Европа, поради ризик за сообраќајот. Во објаснувањето се вели дека три проблеми се утврдени кај возилата на Peugeot 208.
Во објаснувањето се вели дека „Прстени кои не одговараат, а се користат за заштита на клачкалките можат да предизвикаат нивно ослободување. Овие заштити можат да паднат на патот и претстaвуваат опасност за сообраќајот“
Потоа „ Може да дојде до контакт помеѓу цревото за вакуум и околните делови. Ова може да резултира со губење на помошта при сопирање, зголемувајќи го ризикот од несреќа“, и на крајот „завртките за заклучување на хаубата се недоволно затегнати. Како резултат на тоа, хаубата може да се откачи додека возите, зголемувајќи го ризикот од несреќа“
Возилата Peugeot 208 погодени од ова повлекување се произведени помеѓу 21 мај и 25 ноември 2021 година.
Peugeot recall code: KQR
Affected models: Peugeot 208
Vehicle numbers (worldwide): n/a
Source: Rapex Alert 10/2022 A12/00418/22