Петте современи технологии на Mercedes (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од Mercedes-Benz се пофалија со своите Топ 5 најсовремени технологии, кои автомобилскиот производител ги покажува во прототиповите, а сега планира да ги користи во сериските верзии. Тоа го направи на својот канал на Јутуб така што може да се види на дело.

На 5. место во условната класификација се најде системот Car-to-X-Communication, кој обезбедува трајна врска на автомобилот со интернет. Таквата функција беше демонстрирана во концептот Mercedes F 125.

Позицијата 4 ја зазема стаклениот покрив, кој станува нетранспарентен при проток на струја низ него. Таков ефект германските инжинерите постигнале откако нанеле над стаклото теќни кристали. Првпат таква опција може да се види кај Mercedes-Benz F 200.

Погоре во рејтингот се наоѓа инфрацрвената оптика, која овозможува ноќно гледање. Такви фарови има добиено Mercedes F 500.

Пре-сигурносниот систем кој дава сигнал за опасност и ги блокира кочниците се наоѓа на 2. место.

На првото во оваа класификацијата на германската компанија се наоѓа cruise control Distronic Plus од прототипот F 800. Севкупноста од стерео камери и радари му дозволува на автомобилот да се движи со безопасна брзина и на безбедно растојание од другите учесници во патничкото движење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK