Оваа колекција на автомобили е продадена за 44 милиони долари – вреди ли?

ОБЈАВЕНО НА:

Есен е обично период кога се одржуваат најголем дел од аукциите на ретро автомобили.

RM Sotheby’s спорведе аукција на возилата од приватната колекција на Наџеб Кан, поранешен директор на компанијата Interlogic Outsourcing, а истата е продадена за точно 44.385.420 американски долари.

Во аукцијата во која учествуваа речиси 2.500 понудувачи од 53 земји ширум светот, продадени се 240 најразлични автомобили од најразличи брендови.

Колекцијата ја сочинува Ferrari 255 S Berlinetta, примерок кој е само еден од 21 произведени во 1952 година. Овој автомобил го освоил второто место на трката “12 часа Казбланка”, а истиот е продаден за 2.810.000 долари.

Cooper-Jaguar T38 Mk II од 1955 година постигна цена од 1.765.000 долари, а Fiat 8V Supersonic цена од 2.040.000 долари.

На аукцијата беа продадени и автомобили како

Jaguar XKSS,Jaguar E-Type Lightweight, Jaguar D-Type, Mercedes-Benz 300 SL Gullwin, Lamborghini Miura P400 S…

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK