Opel Моkka во Македонија: Иднината е веќе тука!

ОБЈАВЕНО НА:

Ако иднината им припаѓа на сите тогаш Opel Mokka е моделот што ни покажа дека таа иднина е веќе тука, до нас. Токму со овој модел, Оpel го покажува новото лице на марката. Под слоганот „помалку нормално, повеќе Mokka“, најмалиот СУВ модел во понудата на германскиот бренд само го потврди она што низ годините наназад беше познато – Opel секогаш бил лидер, предводник на новиот бран и правел возила со страст и посветеност.

А сега Mokka ќе може да се гледа и на македонските улици. Генералниот увозник на Opel за Македонија, Еуроимпекс реши да го покаже СУВ возилото што привлекува на прв поглед, кое во себе има германска крв и француска роматика, а пред се светски квалитет.
Урбаното возило својата македонска премира ја имаше во „Casa Bar” во Скопје, место кое може во многу нешта да се поистовети со Mokka. Стилски, младешки, елегантно, модерно и тренди, и секако можно и умно.

Поврзувајќи го модерното и стилското со антитрадиционалното, новиот модел беше претставен во својата Black Perla Nera комбинација на бела боја со црвено-црни елементи кои ги истакнуваат стилските линии на најновиот модел во гамата на Брендот.

Убавиот изглед привлекува веднаш, а за прв пат во историјата на Opel, новата Mokka ќе биде достапна на почетокот на продажбата со целосно електрична варијанта на моделот, како и мотори со внатрешно согорување – благодарение на мулти-енергетската платформа CMP.

Новата Mokka останува верна на традицијата што ја дефинира брендот на Opel, да ги направи иновативните технологии од повисоките сегменти на пазарот достапни за широк спектар на купувачи. Тука спаѓаат напредните системи како што се Advanced Cruise Control (ACC) and Active Lane Positioning (Напредната круз контрола и Активно позиционирање во лентата.) Системот за осветлување исто така нуди водечки технологии со адаптивната, а со тоа и без отсјај Intelliux LED матрикс светло со 14 елементи, што е единствено во сегментот на пазарот на Mokka. Сите варијанти на моделот доаѓаат стандардно со електрична сопирачка за паркирање, како и Препознавање сообраќаен знак. На располагање се и камера одзади од 180 степени, Автоматско помагање при парккирање, страничен штитиник и предупредување на странично слепо место.

Mokka ќе може да се добие со два турбо-бензински или еден турбодизел, а за оние кои сакаат да одат чекор нанапред, тука е и електричната Mokka-E. Во зависност од изведбата, Mokka ќе може да се добие со 6-степен мануелен или 8-степен автоматски менувач. Бензинците се со зафатнина од 1.2 литри и испорачуваат 100 или 130 коњски сили, додека турбодизелот е со зафатнина од 1.5 литри и испорачува 110 коњски сили.

За повеќе информации, тест возења, понуди и можности за персонализација можете да обратите кај овластените дилери, во „Аутомакедонија“- Скопје и „Ауто Цем“ – Тетово, или во „Еуроимпекс“ Генерален увозник за Opel.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK