Давид Малинковски имаше успешен дебитантски викенд во ESET Clio Cup и на двете трки возени во Германија, двапати го освои 8 место. Малинковски во конкуренција на 12 возачи возеше спецификација на Clio V. Taa e полесна од претходната генерација, која пак од друга страна е побрза и има околу 20 КС повеќе сила.
Победник на двете трки беше Томаш Пекар. Втората трка на околу 3 минути до крај беше прекината откако Адам Конопка излета и удри во заштитната ограда. Немапе повреди, но директорот на трката реши истата да биде прекината и да не се ризикува.
За Малинковски беше особено важно да ги извози двете трки и низ собирање на искуство полека да се наметнува во новата сезона. Тој претходните три сезони возеше во Twingo Cup. Сега реши да се испроба во повисока класа. Тој настапува за тимот на Lem Racing кој исто така има свои возила и во други тркачки серии како Twingo, TCR Estern Europe…
И во квалификациите во Германија нашиот возач го освои 8 место, и од таа позиција стартуваше на првата трка. Тогаш имаше послаб старт и падна две места, но потоа се врати на „старото место“ и таму остана до крај.
На втората трка од почеток успеа да се искачи едно место погоре и како седмопласиран да вози неколку круга. Потоа беше „притиснат“ од Хенрик Селбел кој го мина. Како одминуваше времето, така полека од позади се приближуваше и Хрватот Игор Томљановиќ.
Сакајќи побрзо да го престигне, а немаше вистинска шанса за тоа еден свиок Хрватот „му влезе“ од внатрешната страна на Малинковски, и двајцата се извртеа. Неспортскиот потег на Томљановиќ продолжи со тоа што се обиде д аго престигне Давид, па нашиот возач мораше пак да „притисне на гаста“ и по вторпат да има контак меѓу нив.
Следната трка од Clio Cup се вози на крај од месецов на Хунгароринг.