Објавена почетната цена на DS 9

ОБЈАВЕНО НА:

Уште минатата година премиум брендот на Stellantis, DS Automobiles го објави моделот DS 9. Се работи за премиум автомобил од Е сегментот кој како таков се продава во Европа и Азија, а се произведува во Шенжен, Кина.

Во Кина и околните земји се продава уште од минатата година, а оваа пролет доаѓа во Европа. Германија, Франција и Велика Британија се првите пазари на кој ќе се продава, а објавена е цената по која е достапен на Островото.

Почетната цена изнесува 40.615 британски фунти што е еднакво на 47.062 евра. Во оваа цена е вклучен 1,6 литарскиот бензински PureTech мотор. По цена од 46.100 фунти се продава плаг-ин хибридната верзија со Line+ ниво на опременост. За повисокот ниво на опременост, Rivoli+ потребно е да се плати од 44.715 фунти до 49.200 фунти, во зависност од моторот.

Инаку овој модел се темели на PSA EMP2 платформата. Должината изнесува 4.930 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.900 мм.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK