Претставен новиот VW Tiguan X

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen и официјално ја претстави рестилизираната верзија на втората генерација на моделот Tiguan. Станува збор за т.н. “X” верзија – купе, која пред некоја година беше за прв пат претставена во Кина.

Она што е изменето е задниот дел кој доаѓа сега со поспуштен кров што му дава истовремено и спортски карактер.

Од претходно е познато дека оваа изведба ја користи продолжената архитектура на Tiguan L. Оттука меѓуоскиното растојание изнесува 2.791 мм додека пак должината 4.764 мм.

Volkswagen Tiguan X

Во понудата и натаму централното место го зазема бензинскиот 2.0 TSI мотор кој е достапен со 184 КС како и 220 КС.

Volkswagen Tiguan X

Продажбата стартува уште оваа година, а производството ќе го спроведува SAIC-VW, во Кина. Засега нема најави дали конечно овој модел ќе се појави на европскиот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK