Официјално Renault Arkana – комбинација на СУВ и седан

ОБЈАВЕНО НА:

Во април годинава во рамките на саемот во Москва беше претставено (неофицијално) продукциската верзија од моделот Arkana на Renault. Сега, по нешто повеќе од еден месец Renault преку официјално соопштение ја објави продукциската верзија на овој модел.

Со технички карактеристики на SUV и комфорност на седан, новиот модел Arkana претставува комбинација на Koleos и Talisman кој се позиционира во C сегментот. Овој модел се базира на CMF платформата, истата онаа што се користи и кај Dacia Duster.

Понудата е составена од истите мотори достапни како и кај Dacia Duster. Така тука е 1.6 литарскиот атмосферски бензински мотор со 114 КС како и 1.3 литарскиот турбо бензински мотор кој располага со 150 КС и 250 Nm обртни моменти.

Renault Arkana

Внатрешноста како и да нема допирни точки со останатите модели на Renault. Во повисокото ниво на опременост достапен е 8.0 инчен екран осетлив на допир кој доаѓа со Yandex.Avto, Android Auto и Apple CarPlay сервиси. Како дополнителна опрема доаѓаат кожните седишта со греачи, кожниот волан со греење, паркинг сензорите и многу друго.

Renault Arkana

Од претходно е познато дека овој модел ќе се продава само во Русија и земјите од CIS (Украина, Белорусија, Казахстан…), а производството ќе се одвива во фабриката на Renault во близина на Москва. Првите модели од производната лента се очекува да излезат во септември годинава, а во нареднот период се очекува да биде објавена и почетната цена.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK