Новиот Peugeot 2008 – поголем и помоќeн

ОБЈАВЕНО НА:

Од претходно е познато дека годинава Peugeot ќе ја претстави и новата генерација на 2008 па оттука сега се појавија и првите фотографии и детали поврзани со овој модел.

Новата 2008 ќе се базира на CMP (Compact Modular Platform) платформата благдоарение на која новата генерација ќе биде подолга, но и 40 кг полесна од актуелната.

Визуелно, новата генерација се очекува да биде идентична како и новата 208. Без многу разлики во екстериерот, но и во ентериерот каде ќе се наоѓа последната генерација од i-Cocpit со дигитална инструментална плоча овој модел ќе треба да продолжи кон врвот во сегментот во Европа каде сега се наоѓа францускиот ривал Renault Captur.

Покрај бензинските и дизелските мотори кои се дел сега од понудата на Peugeot 208, 2008 ќе добие и 48V хибриден погон со автонмија од 450 км, пренесува AutoExpress.

За прв пат овој модел во понудата на францускиот производител се појавува во 2013 година, а пред две години е прикажана освежената верзија на овој модел. Во досегашниот период продадени се над 1 милион примероци што говори за големата популарност.

Токму поради популарноста на овој модел во својот сегмент, пред неколку години Peugeot се одлучи за интернационализација на моделот, па така денес покрај во Франција се произведува и во Бразил, Кина, Иран и Малезија. Токму и во овие земји ќе продолжи производството на новате генерација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK