Новиот Golf повторно “уловен” при тестирање

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за оваа година, германските медиуми повторно објавија фотографии од новата генерација на Golf.

Веќе неколку месеци Volkswagen го тестира овој модел, но при тоа сите информации поврзани со овој модел се на ниво на шпекулација. И покрај тоа што германците сакаат се да мине обвиено во тајна, сепак папараците се тука да стават крај на шпекулациите барем кога е во прашање екстериерот.

Од достапните информации, новата 8-ка се базира на истата платформа како и седмата генерација, но благодарението на полесните материјали кои се искористени, масата на автомобилот е намалена за 50 кг.

Volkswagen Golf 8

Минатата година AutoBild објави дека Volkswagen за прв пат во историјата на овој модел нема да понуди тровратна изведба, а исто така нема да има ниту караванска изведба.

Она што е официјално потврдено од германскиот производител е дека покрај бензинските и дизелските мотори, оваа генерација од Golf ќе боде достапна и во хибридна изведба.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK