Нoвиот eлeктричeн Vоlkswаgеn ќе дебитира нa 17 aприл

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen ќе го презентира новиот електричен автомобил на 17 април, а само неколку дена потоа моделот ќе биде достапен и на штандот на германскиот бренд на саемот во Шангај. Саемот во Шангај почнува на 21 април и ќе трае една недела.

Засега ID.6 ќе се продава само во Кина, а иако од Vоlkswаgеn не откриваат ништо особено со фотографиите пред официјалната премиера.

Пред неколку месеци веќе беа видени фотографии, кои на практика покажуваат како ќе изгледа најголемото електрично возило на VW.

Првично ќе биде виден ID.6, кој ќе биде придвижуван од електричен мотор одзади, а истиот најверојатно ќе генерира 204 коњски сили и ќе располага со батерија од 82кВч, доволна за околу 450 километри.

Најверојатно ќе биде видена и варијанта со два електромотори и погон на четири тркала, чија моќност ќе достигнува околу 300 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK