Новата Kia Sportage доаѓа со две должини на купето (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Kia ги откри првите детали и фотографии на целосно новата генерација на моделот Sportage, за кој од брендот велат дека е „врвниот градски теренец“. Петтата генерација на Kia Sportage, која ќе биде лансирана на пазарот во текот на оваа година во две верзии на должина на купето, дебитира со целосно нов концепт и стил на надворешен и внатрешен дизајн, што според неговите творци е инспирирано од природата.

Во однос на просторот во ентериерот на новата Sportage, од Kia велат дека тој е со лидерски показатели во однос на просторот и интегрираните технологии, вклучувајќи и адаптивна суспензија, ситеми за асистирање при управувањето, Terrain Mode системот со режими за движење по кал, песок и снег, и сите најнови технологии за зголемување на безбедноста со која располага брендот во моментов.

Првично, новата Kia Sportage ќе биде лансирана на пазарот со 1.6-литарскиот TGDI бензинец со моќност од 180 коњски сили и комбинација со 7-степен роботизиран и 6-степен механички менувач, како и со дволитарски дизелов мотор со 186 коњски сили со 8-степен автоматски менувач.

Kia Sportage

Петтата генерација на Kia Sportage, која ќе биде лансирана на пазарот во текот на оваа година во две верзии на должина на купето, дебитира со целосно нов концепт и стил на надворешен и внатрешен дизајн, што според неговите творци е инспирирано од природата.

Во подоцнежната фаза од пазарното лансирање, новата Kia Sportage ќе биде достапна и во хибридна верзија, како и во модифициран хибрид за полнење (PHEV).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK