Нов рекорд: Tesla со една батерија помина 1.078 км.

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla Owners Club Italia објави дека претставници на клубот поставиле нов рекорд изминувајќи максимално растојание со една наполнета батеријата на Model S.

Со користење на основните принципи на hypermilling стилот на управување, во кој главни точки се мала брзина на движење и најниска можна употреба на системот за сопирање на возилото, екипата минала 1078 километри со Model S 100D.

За време на долготрајниот 29 часовен подвиг била користена стандардна верзија на Tesla Model S 100D. Како единственото подобрување во електричниот автомобил беше поставувањето на специјални гуми со низок отпор на триење. Од клубот велат, дека за време на патувањето не била користена климата и дека тимот користел функционалноста аутопилот.

Иако од клубот не коментираат каква била просечната брзина на движење за време на тестот, од https://electrek.co пресметуваат дека таа била околу 37 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK