Ништо од новата Giulietta годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Иако фановите на Alfa Romeo беа во исчекувње годинава конечно да ја видат новата, втора генерација од моделот Giulietta, сепак на крајот ќе мора да се задоволат со фејслифт издание.

Како што потврдуваат од италијанскиот производител, на саемот во Женева Alfa Romeo ќе претстави рестилизирана изведба од моделот кој на пазарот е уште од 2010 година.

На овој саем ќе бидат претставени две нови подизведби достапни во нови бои, во комбинација со нови фелни, хромирани детали на браникот и уште поголема персонализација во внатрешноста каде доаѓаат нови спортски седишта.

Во однос на моторите и натаму остануваат актуелните односно 1.4 и 1.75 литарските бензински мотори додека дизелските мотори можно е да бидат повлечени од понудата како последица од новите, построги WLTP процедури.

Giulietta кој по MiTo е најстариот модел во понудата, својата втора генерација ќе ја дочека тек во 2022 година што претставува 12 години по објавувањето на првата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK