Нема возење лоши дизели и во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

По Хамбург, Минхен и уште неколку други германски градови, и Франкфурт воведува забрана за дизел возилата кои не ги исполнуваат минималните еколошки стандарди.

Оваа одлука следи откако судот во Висбаден донесе одлука по постапката иницирана од групата за заштита на животната средина DUH. По пресудата, на локалната самоуправа на еден од најголемите градови во Германија не и преостана ништо друго освен да ја воведе забраната која започнува од февруари следната година.

Според пишувањата на германските медиуми, забраната би опфатила околу 1/4 од регистрираните дизел автомобили во Франкфурт и останатите населени места кои спаѓаат под ингеренција на овој град.

По пресудата и донесувањето на забраната, лидерот на DUH, Јирген Реш, објави дека оваа одлука ќе придонесе за подобра животна околина, а истовремено и побрз трансфер на електрични возила. Во таа насока тој ја повика Ангела Меркел да ги натера производителите да ги покријат трошоците за дополнително градување на опрема со систем за пречистување на издувните гасови во дизел автомобоилите како би ги избегнале забраните.

Во наредниот период се очекува покрај Франкфурт и сите останати германски градови да донесат слична одлука.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK