Ако случајно возите по автопатиштата во Австрија и решите да бидете „малку“ побрзи од дозволеното, и притоа уште и посакате да избегате, тогаш може да ви се случи нешто непредвидено. Да бидете пресретнати од Porsche 911 и тоа со полициски ознаки.
Тоа е подарок за австриската полиција, која со овој автомобил истовремено ќе се обиде да покаже дека може подеднакво безбедно да го возат без притоа да се прекршуваат сообраќајните правила.
Покрај австријците и во Холандија имало вакви спортски модели во полицијата, и тоа во 60-тите години од минатиот век кога имали 40-тина примероци на Porsche 356 Cabrio, а потоа и моделот 911.
Добрата работа за престапниците е што ова Porsche 911 ќе биде само до октомври дел од возниот парк на австриската полиција.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]