Пред почетокот на секоја зима меѓу најчестите совети кои им се даваат на возачите, покрај зимските гуми, антифризот, акумулаторот и другите работи кои е потребно да се заменат, се наведува и списокот на опрема која треба да се најде во возилото во случај на дефект на патот или можноста автомобилот да ви остане завеан.
Вистинското зимско време ова зима го немаше, но во одредени региони снегот и силниот ветер направија хаос, кој за жал однесе и жртви.
Затоа никогаш не е доцна за одредени совети бидејќи кога веќе „ќе загусти“ може да биде доцна. Во секој случак, доколку често или секојдневно со својот автомобил се движите по патиштата и пределите кои се познати како тешки и проблематични за возење во тешки зимски услови прилагодувањето на нив станува обврска која во непредвидени околности може да биде од животна важност.
Под претпоставка дека сите неопходни услови за прилагодување на зимско возење ги имате исполнето и дека имате доволно гориво во резервоарот „за секој случај“ би требало да подготвите сè што би можело да ви помогне во случај да останете завеани или доколку автомобилот ви се расипе на место на кое помошта е потребно да се чека подолго време.
Меѓу „дополнителната“ опрема (комплет на прва помош и стругач за мраз се подразбираат) која е нормално да се најде во секој автомобил кој се вози во тешки услови, треба да се најдат и: ланци за снег, мал ашов, светилка, ќебе, свеќа, скалпер, свирче, кибрит или запалка.
Секако, во автомобилот, особено во вакви ситуации никога не е лошо да имате и вода и (високоенергетска) храна. Затоа во преградата за ситници уфрлете долготрајна храна, како што се кикирики, чоколада, суво б(грозје, сливи, кајсии…), јаткасто овошје (ореви, бадеми…) и слично.
Пожелно е со себе да имате и автомобилски полнач за мобилен телефон. Секако, не треба посебно да се нагласува дека треба постојано да го носите телефонот со себе.
Ако тоа не е можно, еден од најстарите совети за ситуацијата од овој тип вели дека во зима секогаш треба да имате свеќа, која би можела да ви помогне да ја одржите температурата во кабината, ако не можете да го придвижите автомобилот.
Овде треба да имате на ум дека свеќата е многу поефикасна во одржувањето на температурата, отколку во загревањето на студената кабина, па доколку пред застанувањето греењето работело, запалете ја свеќата што побрзо. Во зависност од големината, свеќата може и да ја загрее кабината за некои десет степени.
Ако автомобилот ви застанал на малку или повеќе завеан пат во текот на ноќта, не обидувајте се среде ноќ да излезете надвор и да лутате во потрага по помош. Останете во автомобилот и повикајте помош со телефон. Додека е тоа можно, освете го моторот вклучен за да можете да го загреете автомобилот. Во спротивно вклучувајте го моторот во одредени временски интервали (на пример десет минути на секој час) за да одржувате температура како во кабината така и на моторот.
Уште една од работите кои можат да ви бидат од помош е коноп, кој во проматични ситуации може да има повеќекратна улога. Во ситуции кога снегот и виулицата се во прашање, конопот може да послужи како импровизиран ланец за тркалата. Во таква ситуација потребно е конопот да се провлече низ отворите на бандажите, а потоа да се собере на краевите и да се врзе во чвор. Меѓутоа треба да се има на ум дека ова треба да се применува само тогаш кога не постои поинакво решение.
Доколку со вас патуваат повеќе луѓе, обидете се да се организирате и со заеднички сили да го извлечете автомобилот од снегот.