Пазарот на половни возила во последно време е во пораст и се поголем број автомобили се увезуваат од Европа, најмногу од Германија. Последните случувања таму со поплавите донесоа и многу фотографии и видеа на кои имаше возила кои се поплавени, на улиците или пак нови во салоните. И кога ќе помине овој бран на поплави, возилата ќе треба да им служат на сопствениците. А тие веројатно ќе решат да ги продадат.
Голем број на возила од Германија завршуваат на Балкан, и во Македонија. Возможно е некое од тие возила да стигне и на нашите автоплацеви, директно или пак преку некоја соседна земја.
Како да препознате дали автомобилот бил „удавен“ во вода, па потоа набрзина исчистен, дотеран и продаден?
При купување на половно возило најдобро е да консултирате некој механичар или сервис каде за незначителна сума на пари ќе можете да направите целосна дијагностика на возилото. И многу брзо ќе дознаете дали нешто треба да се менува и во каква состојба е истото.
Но, постојат и мали трикови како вие самите да утврдите дали автомобилот што ви се нуди, а има примамлива цена претходно извесно време поминал под вода.
1. Поглед на кабината
Во кабината на возилото обрнете внимание дали постои т.н. водна линија долж листот на вратата, односно местото каде што се наоѓала водата, ја прегледувате и жичаната рамка под седиштата, ако има ‘рѓа на неа, значи не треба да се купува тој автомобил.
Ако го вклучите грењето и нема луѓе во кабината, а прозорците почнуваат да се замаглуваат – ова може да значи дека има многу влага во автомобилот. Погледнете под патосниците во внатрешноста. Таму не треба да има влага или корозија.
2. Изолација на бучава
Ако автомобилот е релативно нов, но слушате бучава во кабината додека возите, ова може да значи дека филцот поставен на дното на каросеријата паднал или ја загубил својата функција. Мирисот на влага од звучната изолација може да испушти и поплавен автомобил.
3. Состојба на жиците
Потребно е да се биде внимателен да се провери работата на сите уреди на електричниот систем без исклучок. Ако греењето на задното стакло не работи, системот за централно заклучување не работи добро и има други недостатоци во електриката е знак дека многу подобро да го прегледате возилото.
4. Погледнете добро под капакот
Прво проверете дали работи вентилаторот за ладење на моторот, ако не работи, тогаш проверете го сензорот. Ако е точна, имајте на ум дека компјутерот што е одговорен за вклучување на вентилаторот, исто така може да биде оштетен. Во продолжение, слушнете колку е стабилен моторот и дали „тресе“.
5. Светла
„Потење“ на фаровите и задните светла е знак на поплавување и ако погледнете внимателно можете да најдете траги од темни линии.
Ова е само дел од работите што треба да се разгледаат ако имате сомнежи дека автомобилот доживеал сериозни поплави во Европа.
Во следното видео ќе можете да видите каде и на кој начин самите ќе можете да утврдите дали возилото претходно било поплавено. Ако малку повеќе просурфате сигурно ќе најдете и други начини и видеа како да откриете дали возилото што се продава било поплавено.