Наредба од министерот: Mercedes мора да сервисира речиси 800.000 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за транспорт на Германија му наредi на Mercedes-Benz да повлече од пазарот дури 774.000 возила во Европа. До ваквиот развој на настаните е дојдено после спроведувањето на тестирање при кое е утврдено дека постои софтвер кој е во состојба да ги манипулира со бројките за емисија на штетните гасови.

После средбата на Министерот за транспорт на Германија, Андреас Шуер и Дитер Цече, кој е претседател на Mercedes-Benz, од автомобилскиот гигант ветиле дека ќе го отстранат проблематичниот софтвер и ќе соработуваат со фластите.

Според шефот на Mercedes, компанијата веќе има разработено техничко решение кога ќе даде шанса за обновување на софтверот и отстранување на сите проблеми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK