Најстариот возач на Балканот има 94 години, вози Mercedes и штотуку ја продолжил возачката

ОБЈАВЕНО НА:

Кога некој ќе наполни над 65 години или 70 најчесто размислува како во иднина да го користи јавниот превоз, и малкумина продолжуваат со користењ ен аавтомобил. Но, не сите така размислуваат, има и такви кои се чувствуваат одлично и не само што имаат возачка и после овој период туку и активно возат.

Најстариот возач на Балканот веројатно е дедо Тика од Србија. Има 94 години, вози Mercedes и штотуку ја продолжил возачката дозвола. Тикомир Бешевиќ од Ивањица ги минал сите потребни медициски тестови и повторно ќе може да си го вози автомобилот.

Тој чита без употреба на очила и без проблеми ги извршува сите работи. Пред да му биде продолжена возачката бил на лекар каде му биле прегледани видот, слухот, рефлексите…. Се што е потребно за човек да може да управува автомобил.

Возачкиот испит го положил пред 70 години. Возел до Турција, Италија, Германија и Австрија. И во текот на целиот возачки век останал верен на Mercedes. Откако го купил првиот Mercedes понатаму сите негови возила биле од германскиот производител.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK