Најпродавано возило во Европа е Peugeot 208

ОБЈАВЕНО НА:

Најновите податоци на статистичката агенција JATO Dynamics покажуваат дека продажбата на нови автомобили во Европа (ЕУ 26 + Велика Британија, Норвешка, Швајцарија и Исланд) паѓа трета година по ред. Резултатот за 2022 година на вкупно продадени возила е на ниво од 11,31 милиони единици. Споредено со претходните години од 2021, 2020 и 2019 година кои беа на ниво од 11,8, 11,98 и 15,84 милиони единици соодветно.

JATO Dynamics коментира дека продажбата на нови автомобили во 2022 година е намалена за 4,1% на годишна основа и е најниска од 1985 година.

Најпродаваниот нов автомобил во Европа во 2022 година е Peugeot 208 со раст на продажбата од 5% до 206.816 единици.

Во ТОП 5 од најпопуларните нови автомобили во Европа во 2022 година се и Dacia Sandero (200.550, +1%), Volkswagen T-ROC (181.153, -3%), Fiat 500 (179.863, +3%) и Volkswagen Golf ( 177.203, -14%).

Tesla Model Y (+417%, до 138.128, на 13. место) и Toyota Yaris Cross (+402%) може да се пофалат со најголем раст на продажбата во ТОП 20 најпродавани нови автомобили во Европа минатата година, 136.986, 15. место).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK