Најмоќниот BMW доаѓа на 29 ноември – ќе има 700 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Концептот XM ќе го придвижува хибридна V8 со над 700 коњски сили

BMW најави дека на крајот на овој месец ќе претстави целосно нов концепт, придвижуван од хибриден мотор со голема моќност. Германскиот производител не објави детали, но според некои блогови, особено оние што се блиски до BMW потврдуваат дека тоа е најава на концептот за долгоочекуваниот X8 M кој ќе ја има ознаката XM и ќе биде позициониран на врвот на СУВ понудата на BMW.

Концептот треба да биде претставен на интерен настан на BMW на 16 и 17 ноември, но ќе има ембарго за објавување на информации се до 29 ноември. Сепак се верува дека веднаш по тој настан ќе се појават и некои шпиунски фотки, кои ќе дадат слика за изгледот.

Тоа ќе биде најмоќното сериско BMW некогаш направено со вредности кои според некои гласини достигнуваат и до 750 коњски сили. Претходно се појави фотографија на која се тврди дека го прикажува моторот на XM, но во поскромна конфигурација со 650 коњски сили.

Моторот што ќе биде вграден треба да биде одговор на BMW на хибридниот систем на Mercedes AMG GT 63 E Performance кој има 831 КС и 1.023 Њм. вртежен момент.

Се очекува бензинскиот мотор да биде комбиниран со електромотор, а истата конфигурација ќе биде вградена и во следната генерација на М5 и М8.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK