Најкорисната дополнителна опрема за возачите во зима

ОБЈАВЕНО НА:

Современите автомобили се опремуваат со сите можни системи и функции, кои му го олеснуваат животот на секој возач во текот на зимата. Но, кои од овие функции најдобро си ја вршат својата задача.

Одговорот на овие прашања е побаран од Ford, a покрај тоа дополнително беа испрашувани и возачи од Русија кои добро ги познаваат работите околу користењето на автомобилот во текот на зимата. Речиси сите (93%) од возачите кои учествувале во истражувањето ги сметаат таканаречените „зимски пакети“ за неопходни.

Задоволни од подготовка на автомобилот во текот на зимата се едвај 52 проценти од анкетираните, додека другите признават дека би го докомплетирале својот автомобил со опции кои го олеснуваат возењето за време на студовите и снежните виулици.

Како најкорисна дополнителна опрема во текот на зимата се посочува стартувањето на моторот од дистанца. Дури 51 процент од возачите во Русија сметаат дка оваа функција е задолжителна.

На второто место е затоплувањето на предната шофершајбна. Вкупно 29 проценти од испитаниците не сакаат да стругаат мраз во зимските утра. Трети во класификацијата се загревањето на седиштата и воланот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK