Multipla ваква, Multipla таква – ама за малку ќе беше автомобил на годината

ОБЈАВЕНО НА:

За вкусовите не се дискутира ама општоприфатено е дека Fiat Multipla е автомобилот со најмалку привлечен дизајн.

Овој автомобил се произведуваше во периодот од 1998 па се до 2013 година. Првите десет години се произведуваше во Торино и Милано, а по завршувањето на продажбата под брендот на Fiat, овој модел продолжи да се произведува во Кина под брендот на Zotye.

Дизајнот е дело на Роберто Џолито, кој го дизајнираше и Fiat 500.

И покрај тоа што е цел на потсмев, за овој модел има еден курозитет. Така во тој во 1999 година беше номиниран за наградата “Автомобил на годината 2020” година па по влезот во финалниот круг се најде на втората позиција со 325 поени, пред Opel Zafira кој освои 265 поени, но зад Toyota Yaris кој ја доби наградата со освоени 344 поени. Тоа значи дека од првата позиција овој модел го делеа само 19 поени.

Со овие поени Multipla освои повеќе поени отколку Volkswagen Golf, Audi A6, Audi A4, Ford Mondeo и други модели во претходните години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK