Увозот на половен автомобил знае да биде доста стресен процес. Недоволната информираност, но и бирократијата се причина за тоа. Со цел подетално запознавање со постапката за увоз Царинската Управа на Република Македонија објави краток прирачник за увозот.
“Царинската постапка се спроведува и давачките се плаќаат пред да се изврши техничкиот преглед за сообразност со хомологациските услови. Доколку возилото не ги исполнува овие услови, увозникот нема да може да го регистрира возилото и ќе се соочи со големи непотребни трошоци на враќање на возилото во странство.” се наведува во прирачникот на Царинската Управа на Република Македонија.
При царинење на возилото, неопходни се најмалку следните документи:
- оргинална сообраќајна книшка за возилото;
- оргинална фактура, купопродажен договор или, доколку увозникот подолго време го поседува возилото, изјава за вредност;
За да може да се утврди царинската вредност, потребно е да се достават следните минимални податоци за патнички возила:
- вид
- марка
- модел
- тип на возило
- погонско гориво
- број на врати
- година на производство
- работна зафатнина на моторот
- силина на моторот (киловати или коњски сили)
- ниво на опрема (на пример, ниво на опрема за VW Golf: comfortline, trendline, highline и.т.н.)
При купување на половен автомобил во странство често се прави грешка да се купува и дополнителен сет на резервни гуми или пак сет на сезонски гуми. Бидејќи увозот на употребувани гуми е забранет, вториот сет на употребувани гуми не смее да се внесе во Република Македонија.
Советит и препораките од Царинската Управа на Македонија може да ги прочитате ТУКА.

Следете не и на:

