Може ли стариот антифриз да замрзне?

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот антифриз како свој квалитет има можност да издржи температури и до минус 40 степени и ова е добро познато, но има „урбани легенди“ кои велат дека стариот антифриз го губи својот квалитет и не може да ја задржи ваквата издржливост. Според некои тврдења тој може да замрзне на температура од -10 степени. Сепак, се поставува прашањето дали ваквата информација одговара на она што навистина се случува во реалноста?

Голем дел од возачите на автомобили почнуваат да се сомневаат во својството на антифризот за 4-5 години од смената. Течноста се вади со шриц и се проверува во замрзнувач, а во повеќето од случаите се покажало дека антифризот, дури и ако е стар не замрзнува.

Антифризот се состои од етиленгликол или пропиленгликол, кој се разредува со дестилирана вода и се додаваат адитиви за заштита на ладилникот, гумени соединенија и сите други компоненти за заштита на системот за ладење од корозија и уништување. Експертите тврдат дека со текот на времето во системот се појавува се повеќе вода, што води кон предвремено замрзнување на антифризот.

Ако зборуваме за исправен систем за ладење, тогаш единствениот пат водата да влезе во системот е преку отворот на експанзицискиот сад и тоа од отворот за висок и низок притисок. Дури и тоа да се случи, количината е толку минимална, што едвај може да влијае на границата на замрзнување на антифризот. Тоа може да се случи само при воздух со висока влажност, а не треба да се заборави и спротивниот процес дека водата испарува.

Со други зборови, ако системот е во исправна состојба, тогаш стариот антифриз ќе издржи на истите ниски температури како и сосема новиот антифриз. Тоа, сепак, не значи дека течноста за ладење не треба да се смени регуларно според пропишаното од производителот. Со текот на времето својствата на адитивите исчезнуваат, а како што веќе беше напишано погоре тие го штитат системот за ладење од негативното влијание на алкохолот.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK