Mitsubishi ќе нуди модели на Nissan само со различен амблем

ОБЈАВЕНО НА:

Mitsubishi ќе престане да развива платформи за автомобили за Јапонија до 2026 година и наместо тоа ќе понуди модели дизајнирани од Nissan.

Наводно, Mitsubishi ќе го запре развојот на платформите за автомобили за јапонскиот пазар и ќе оди кон тоа да им понуди на локалните купувачи верзии на производи дизјнирани од Nissan само со значка на Mitsubishi, почнувајќи од околу 2026 година.
Според извештајот на Никеи Азија, овој потег ќе му помогне на Mitsubishi да продолжи да работи на намалување на трошоците за развој и стопирање на загубите бидејќи ги насочуваат инвестициите во електричните возила.

Автомобилите со амблемот на Mitsubishi што се продаваат во Јапонија ќе бидат базирани на платформите на Nissan и ќе продолжат да имаат ентериери, екстериери и погони развиени од брендот што некогаш беше познат по седаните што победуваа во релито и целиот спектар на независни понуди на производи.

Планот, иако не е изненадувачки, гледа дека дел од индивидуалноста на Mitsubishi претрпе уште еден удар. Но, тоа е стратешки потег бидејќи повеќе производители се фокусираат на соработка за да ги спречат спиралните трошоци за развој на ЕВ возила.

Mitsubishi претходно планираше да го запре воведувањето на нови модели во Европа, бидејќи се обидува да ги намали загубите за 20 проценти. Сепак, во март 2021 година, беше објавено дека нивното присуство на LHD европскиoт пазар ќе биде задржано и со два нови модели базирани на Renault од 2023 година.

Во извештајот се тврди дека иако Mitsubishi имал осум платформи заклучно со март оваа година, сака да ги намали на четири до март 2026 година, вклучувајќи две нови платформи за Југоисточна Азија, со уште две заедно да се развијат со Nissan.

Nissan купи 34% од акциите во Mitsubishi уште во 2016 година, формирајќи ја Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi. Но, оттогаш, групата се бори да го зачува богатството на Mitsubishi, koj претрпе загуби во последните две фискални години.

Во средината на 2020 година беше најавено големо преструктуирање. Наречен како „Мал, но убав“ план, предлогот ќе ги натера членките на алијансата да се фокусираат на нивните најсилни пазари и да излезат од оние каде што беа слаби. Некогаш популарните модели, како што се Lancer и почитуваниот SUV Pajero, беа исфрлени постепено во текот на изминатите години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK