Mirrow Provocator – руски одговор за Smart

ОБЈАВЕНО НА:

Иако првично беше најавувано дека автомобилот Mirrow Provocator ќе биде претставен во 2017 година, светската премиера возилото ја имаше на саемот во Париз во октомври во 2016 година. Тогаш беше напишано дека резултатот на стартапот Mirrow Provocator ќе биде остар ривал за автомобилот Smart Fortwo.

Mirrow Provocator во Париз беше претстaвен во електрична верзија и таа верија за бизнис, како верзија за доставување на пакет од пошта, за такси верзијата е продолжена за 70 cm и може да превезе повеќе личности. Со оглед на тоа што се работи во стартапот и прототипот, секоја финансиска поддршка е добредојдена.

Градското возило Mirrow Provocator може да превезе четири возрасни личности, а Smart Fortwo само две. И дизајнот е доработен и доста реален. Доколку Smart Fortwo е за градско возење премал, Mirrow ќе биде вистинска мерка. Концептот Mirrow Provocatora е фантастичен.

На секоја страна има четири врати кои се креваат, а не се отвораат странично, што го олеснува влегувањето во тесниот простор на паркингот, а на вертикалната опашка има голема петта врата. Mirrow Provocator е исклучително компактен, долг е 2,7 метри, што е исто како кај Smart Fortwo. Широк е 1,87 и висок 2,05 метри. Задната врата има отвор од 1,7 метри во висина и 60 cm во ширина.

Mirrow Provocator je еколошки свесен, па дури 50 проценти од каросеријата е изработена од рециклирана пластика. Внатрешноста е дизајнирана по пример на авион. Четири поединечни седишта се многу симпатични, а пилотската камина е исклучително едноставна и со футуристички дизајн. Чистата електрична верзија треба да има досега од 400 километри со едно полнење на батеријата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK