Mercedes со помали мотори за следните генерации возила

ОБЈАВЕНО НА:

Следните генерации на компактни возила на Mercedes Benz ќе имаат мотори со помала работна зафатнина, пишува магазинот Аутокар. Истите се развиваат под кодното име М282, и според извештаите се работи за 1.2 и 1.4 литарски мотор со четири цилиндри поставени во линија.

Германскиот бренд сака да ги задоволи строгите прописи за сѐ помала емисија на издувни гасови и да ја зголеми ефикасноста на новите мотори. Тоа треба да го покаже веќе во новата редизајнирана генерација на Mercedes A Class.

По A Class, и редизајнираните верзии на CLA, GLA и B Class исто така треба да добијат нови моторои. Развојот на моторите е под закрилата на Daimler и нивниот партнер Renault Nissan Mitsubishi.
Засега нема точна информација дека овие мотори навистина ќе бидат вклучени во понудата. Новата A Class треба да дебитира во 2018 година, а CLA следната година ќе се појави.

Идните компактни возила на Mercedes се најавени со A Sedan concept што беше покажан на саемот во Шангај. Концептот според диемнзиите е сличен на CLA но има некои поразлични делови во надворешниот изглед. Тоа директно најавува еден од трите нови каросериски изведби што Mercedes планира да ги додаде во нивната понуда на компактни возила. Другиот треба да биде СУВ и тоа поголем од моделот GLA.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK