По повод 40 годишнината од лансирањето на G класата, Mercedes на својот официјален YouTube канал објави најнова реклама снимана на браната Пунта Негра во Аргентина.
Насловена како “Посилен од гравитацијата” најновата G класа вози на браната долга 700 метри возејќи на косина од 30 степени и при тоа пркосејќи токму на гравитацијата.
https://youtu.be/RTikwjBm4OM
Браната Пунта Негра се наоѓа во близина на градот Сан Хуан. Градбата на оваа хидроелектрана започна во 2009 година, а финишираше во 2015 година. Изградена е на реката Сан Хуан и важи за една од најважните во оваа јужноамериканска земја.

Следете не и на:

