Она што минатата година го најави, сега McLaren го официјализираше – го отуѓи легендарното седиште лоцирано во близина на англискиот град Вокинг.
Британскиот производител ги продаде административните канцеларии, технолошкиот центар и производствените погони на американската компанија Global Net Lease за 170 милиони фунти или околу 237 милиони американски долари.
Сепак, McLaren ќе продолжи и натаму да го користи седиштето и останатите објекти на земјиштето. За таа цел е потпишан договор за лизинг на 20 години за што секоја година ќе плаќа годишен закуп.
Целта на оваа одлука на британскиот производител е да обезбеди пари во моментов кои ќе ги инвестира во развојот на компанијата. За истатаа цел, минатата година обезбеди 150 милион фунти заем од Националната банка на Бахреин.