Откако на минатогодишниот саем за автомобили во Женева, McLaren го претстави моделот 720S, сега и официјално потврдено е дека на 8 декември овој производител премиерно ќе ја претстави и Spider изведбата од овој модел.
Во однос на моторите, 720S Spider во понудата ќе биде достапен со истите мотори како и основниот модел. Тоа значи дека тука е биде четирилитарски твин турбо V8 агрегат. Максималната сила е 720 КС при 7500 вртежи во минута и макимални 770 нм при 5500 вртежи.
Возилото до 100 км/ч. ќе забрзува за 2,9 секунди, а границата од 200 км/ч. ја постигнува за 7,8 секуни. Ако се уште сакате адреналин, тогаш до 300 км/ч. ќе стигнете за 21,4 секуни. Максималната брзина на автомобилот е 341 км/ч.
Според неофицијални информации, цената на овој модел ќе биде за 20 илјади фунти повеќе од основниот модел односно ќе чини околу 230.000 фунти.