Mazda го претстави целосно електричниот CX-30

ОБЈАВЕНО НА:

Во септември 2019 година Mazda премиерно го претстави новиот модел CX-30. Се работи за кросовер опремен со плаг-ин хибриден погон. Сега, по нешто повеќе од година и половина, јапонскиот производител ја претстави и целосно електричната верзија. Премиерата се случи на првиот ден од саемот за автомобили кој во моментов се одржува во Шангај.

Се работи за концепт кој се очекува да се комерцијализира до крајот на годинава. И не случајно се претставува на кинеска територија. Фокусот ќе биде на кинескиот пазар, а овој модел јапонскиот производител во Кина ќе го прозиведува во соработка со компанијата Changan. Оттука, неизвесно е дали овој модел ќе биде дел од европската понуда на Mazda.

Што се однесува до техничките карактеристики, овој кросовер ќе го придвижува електромотор со 107 kW односно 146 КС и 271 Nm. Батеријата е со капацитет од 35,5 kWh.

Сите останати технички карактеристики вклучувајќи ги димензиите и технологијата остануваат идентични како и основната изведба.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK