Покрај стандардната изведба со бензински мотор, планирана e и електрична изведба која би се појавила по една година, а според неофицијалните информации на италијанските авто магазини, од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за околу 2 секунди, а максималната брзина ќе изнесува нешто повеќе од 300 км/ч што го прави овој модел најбрз во понудата на спортскиот бренд.
Само неколку денови откако во својот годишен извештај FCA го потврди планот за Maserati од Италија доаѓа информација дека моделот Alfieri доаѓа веќе следната година.
Информациите од Италија говорат дека во фабриката во Модена, пробното производство ќе започна првата половина следната година, а во сериско производство ќе се најде кон крајот на следната година. За таа цел веќе оваа есен италијанскиот производител ќе започне со модернизирање и надградување на фабриката во овој италијански град.
Покрај стандардната изведба со бензински мотор, планирана и електрична изведба која би се појавила по една година, а според неофицијалните информации на италијанските авто магазини, од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за околу 2 секунди, а максималната брзина ќе изнесува нешто повеќе од 300 км/ч што го прави овој модел најбрз во понудата на спортскиот бренд.
Инаку покрај овој модел, до 2022 година Maserati ќе ја лансира и новата генерација на Levante како и целосно нов SUV. Во план е и новата генерација на Quattroporte како и моделот Ghibli.