Основачот на фејсбук и еден од најбогатите луѓе во светот, Марк Цукерберг засука ракави и работеше на производна лента. Наместо глувче во раката имаше штарфцигер и им помагаше на вработените во фабриката на Ford на некои модели од F-150 pickup.
Тој не го остава фејсбук туку имаше само активности како дел од годинешниот „Travel Challenge“. Помагаше во инсталирање на антени на возилата, зашрафување на завртки, навлаки на седиштата, па се до потпишување на стикерите по завршената инспекција на еден од моделите на F-150.
Покрај работа на производната лента Цукерберг имаше и тура низ фабриката, се запозна со директорот Бил Форд јуниор и возеше автономно возило Fusion Hybrid.
A што му кажале вработените со кои работел? Најважно е да се има добри чевли бидејќи на работа се и по 10 часови и треба да се издржи.