Македонците сакаат суперавтомобили, но колку од нив возат?

ОБЈАВЕНО НА:

Австрискиот сајт ChasingCars објави истражување кое го спроведе на Инстаграм, а се однесува на популарноста на суперавтомобилите по земји и градови. При тоа објавени се податоци за бројот на хаштази употребени на Инстаграм кои се однесуваат на суперавтомобилите, а кои се претставени како просечна бројка на илјада возачи.

Интересно, но Македонија според ова се наоѓа на горниот дел од табелата не европски земји. Така според истражувањето на овој сајт, на илјада возачи, 48 објави на Инстаграм се со хаштаг кој се однесува на Ferrari, Lamborghini, Porsche, McLaren, Ford, Aston Martin, Koenigsegg, Pagani, Mercedes-Benz и/или Bugatti.

Со оваа бројка, Македонија е пред Србија, Хрватска, Бугарија, Турција, Полска, Италија, Словачка, Австрија, Шпанија, Турција, Белгија, Русија, Исланд и многу други земји што претставува изненадувачки податок. Оттука, а во споредба со останатите земји може да се заклучи дека Македонците сакаат суперавтомобили, но вистинското прашање е колку од нив возат?

На врвот, со 3.051 хаштаг на илјада жители се наоѓа Монако. Следи Данска со 162 тагови додека на третата позиција е Португалија со 136. Овие земји се и први на глобално ниво оставајќи ги зад себе Норвешка (122), ОАЕ (122), Холандија (116), Јужна Африка (103), Ирска (99), Швајцарија (90)…

Најголем дел од суперавтомобилите се тагнати во Мајами (САД), а потоа следат Манчестер (Англија), Ванкувер (Канада), Лас Вегас (САД), Единбург (Шкотска), Лидс (Англија), Атланта (САД), Кардиф (Велс), Лисабон (Португалија) и Сан Франциско (САД).

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK