Се обиде да украде возило – го уапсија бидејќи незнаел да вози со мануелен менувач (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Обидите да се украдат автомобили се секојдневие, но кога крадецот ќе биде уапсен поради банална причина незнаење да се вози автомобилот тогаш сите слатко ќе се изнасмеат. Безбедносни камери покажаа као крадец откако го заплашува возачот и му го одзема возилото, с еобидува да избега – но не успева.

Случката е од Бразил каде возачот имал Renault Duster, но проблемот бил што истиот бил со рачен менувач. Крадецот не знаел да вози со рачен менувач, и тоа било пресудно истиот да биде уапсен.

Видеото покажува како вооружен крадец го исфрла возачот, и влегува во внатрешноста. Но, набрзо потоа крадецот го бара назад возачот барајќи да му помогне да го стартува возилото и да избега.

Но, возачот е веќе заминат, а во меѓувреме стигнува и полицијата. Крадецот си кренати раце излегува и веднаш легнува на патот….
Понатаму се е добра приказна…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK