Приказна од соседството: Сам си направил возило од „Фиќо“ и од уште седум други автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Љубовта кон автомобилите е понекогаш толку голема, и наместо да имате желба да си купите автомобил сонувате истиот самите да го создадете. Тоа секако е тешка работа, но задоволството големо. Таква е приказната за Ратко Вукмировиќ (64) од Приједор. Сам го направил автомобилот што го сакал. За тоа користел „фиќо“, а во него вградил и делови од други седум-осум различни типови возила.

„Го направив автомобилот што го посакував и тоа користејќи „фиќо“.Наликува на стара „Олимпија“, па дури и на стар „Мерцедес“, претежно целосно со ретро изглед – вели Ратко. Тој вградил делови од седум или осум видови автомобили во то а„фиќо“.

Но воопшто не било лесно да се најдат делови за автомобил што дотогаш никогаш не бил произведен.
„Барав делови во отпад за автомобил. Ме прашуваат што барам, а ја не можам да им објаснам. Само тоа го знам, кога ќе видам дека нешто сум замислил, дека е, тоа е тоа. Најчесто „шпионирав“, барав и најдов што ми требаше. Да вклопам сè во таа моја визија да изгледа тој мој автомобил. Имав и цртеж од тој мој имагинарен автомобил. Седев во кафуле и го нацртав. И така го направив тоа, во оригинал – го објаснува Ратко потеклото на неговото „милениче“.

Оригиналот го доби и оригиналното име „Волк“. Ратко вели дека му требало време на „Волк„ да прошета, па целата приказна траела скоро две години.

„Толку многу шетав низ отпадите и ги барав замислените делови од мојот ум. И ги собрав. Порано малку и паузирав, ден и два, а потоа и трет, и повторно барав делови. Ги собирав и ги составував во гаражата дома – вели Ратко.

Тој додава дека имал помалку проблеми со правење олдтајмер отколку со неговото регистрирање. Денес, едноставно нема законска регулатива за самоизградба, или некои измени. Имаше среќа да го регистрира како изменета школка пред новите законски решенија.

– Ги поместив тркалата малку, ги поместив местата за заварување и зашрафување за да можам да ги затворам, за сè да има некаква хармонија. Тоа беше целата поента. Кога го возев низ градот за прв пат, се чинеше дека циркус дошол во Приједор. Секој сакаше да го види подобро, ме прашуваат „човеку, што е тоа?“ А јас одговарам дека е „РР“. Повторно прашуваат дали станува збор за Ролс Ројс. Јас велам не, но рачно изработено („ручни рад“). Тоа се седум автомобили во едно. Возев со тој мој олдтајмер и до Бања Лука – раскажува Ратко со насмевка.

 

Тој исто така имал понуда да го продаде.
„ Еден сакаше да го купи за својата ќерка, која не сакаше друг автомобил освен овој. Мислеа дека можат да земат за 300 марки, а јас им реков дека им требаат најмалку 2.000 марки на аванс, па дури потоа да разговараат за цената. Ако ништо друго, лежев под него две години. Еден дедо ме притискаше да му продадам еден од моите олдтајмери, тој ми понуди 800 марки и јас го испратив да разгледа убаво низ пазарот, за да најде нешто за тие пари. Нешто што му одговара – вели Ратко.

До неодамна имал пет возила, но две продал, па има само три. Се работи за вистински олдтајмери, „опел рекорд олимпија“ од 1958 година и, БМВ Исета од 60-те години. Своевремено правел и „фичо кабриолет“, а неговиот другар таму чувал кокошки.
Но, овие три возила што ги има навистина ги сака.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK