Премиерата на “I Аm Paul Walker” закажана за во август

ОБЈАВЕНО НА:

Пет години по смртта на Пол Вокер, ѕвездатa на Fast and Furious фановите ќе имаат можност да дознаат повеќе детали за неговиот живот на големото платно. Премиерата на долго најавуваниот документарец е закажана за 11 август годинава.

“I Am Paul Walker” како што гласи и името на овој документарец, ќе содржи бројни интервјуа со блиските пријатели, колеги и роднини кои зборуваат за неговиот живот од дете па се до неговата смрт. Документарецот е дело на Paramount Network, а режисер на филмот е Адријан Бултенхулс додека продуцент е Дерик Мареј.

Инаку Пол Вокер смртно настрада на 30 ноември 2013 година во сообраќајна несреќа возејќи се на совозачкото седиште во Porsche Carrera GT управувано од Роџер Родас. По овој настан семејството на Вокер го тужеше Porsche за сообраќајната несреќа, но судот во САД досуди во корист на германскиот производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK