Иновациска сила: Skoda со рекорден број патенти во 2019 година

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Skoda Auto објави дека во текот на минатата година има дадено барање за 94 патенти, што е рекорден број за целата индустрија за Чешка на годишно ниво и е за двапати повеќе во споредба со оние кои се поднесени од производителот на автомобили во 2017 година.

„Иновациската сила на нашите вработени е дел од ДНК структурата на Skoda Auto. Со секоја нова апликација за патент, која што ја поднесуваме добиваме ново поглавје во историјата на Skoda како производител на модерни и иновациски автомобили“, вели Кристијан Штрубе, кој е член на бордот на одделот за технолошки развој на Skoda.

Голем дел од поднесените апликации се иновациски решенија од семејството продукти Simply Clever, а во тој дел и Skoda Scooter, специјални подни душеци изработени од шупливи влакна, механизам за заклучување на безбедносни ремени со интегрирано осветлување, иновациски систем за обезбедување на куфери и товар во багажниот простор и други.

Дел од патентите на Skoda Auto се поврзани и со производствениот процес, а тука како пример е специјалниот камера-систем, користен за прецизно усогласување на елементите на автомобилот пред заварувањето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK