И Tesla има зимски маки (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Циклонот кој ја зафати Европа предизвика големи врнежи на снег што само по себе парализираше стотина градови ширум Европа. Се чини дека најкритично беше во Велика Британија од каде стигнаа бројни видеа за згодите и незгодите на тамошните возачи.

Големо внимание предизвика видеото кое доаѓа од Шкотска. Возач на Tesla Model 3 во Глазгов се реши да се спушти по една удолница која беше замрзната. Грешката ја направи уште на почетокот кога веднаш притисна на кочницата по што почна да се лизга во “слободен пад”.

Според очевидците, по ова, уште неколку други возила завршиле на куп. За среќа причинета е само материјална штета.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK