Во Германија минатата година биле украдени 14.162 автомобили, што значи речиси 40 кражби дневно! Вкупната штета изнесува неверојатни 293 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Германското здружение за осигурување (GDV).
Иако бројот на кражби е малку намален во однос на 2023 (кога биле украдени 14.585 возила), тоа сепак е алармантна бројка.
ТОП 5 најмногу крадени модели во Германија (2024):
1️⃣ Lexus NX (1. ген.) – 130 кражби на 10.000 возила, просечна штета: 26.730 €
2️⃣ Toyota Land Cruiser (4. ген.) – 104/10.000, штета: 41.268 €
3️⃣ Lexus UX (1. ген.) – 99/10.000, штета: 17.504 €
4️⃣ Chrysler Grand Cherokee (4. ген.) – 87/10.000, штета: 29.411 €
5️⃣ Kia Stinger (1. ген.) – 81/10.000, штета: 29.217 €
Јапонските модели доминираат – четири од ТОП 10 се Toyota.
Најскапи кражби: Porsche 911 – просечна штета над 100.000 € по возило.
Каде најмногу се краде?
Берлин е апсолутен рекордер – со 3.855 украдени автомобили (речиси 1/4 од сите кражби во Германија).
Најголем раст на кражби: Бремен (+34,5%).
Најголем пад: Бранденбург (-14,1%) и Саарланд (-18,6%).
Во јужна Германија, особено во Баварија и Баден-Виртемберг, автомобилите се генерално побезбедни, но и таму има зголемување на бројот на кражби.









