Болидите во Формула 1 во секој поглед се најбрзите возила кога се во прашање тркачките патеки.
Во моментов рекордот за брзина (за време на трка) и понатаму е под 380 км/ч, па добро е да се знае дека има автомобили кои можат да возат и побрзо.
Неколку автомобили се во состојба да се побрзи од овие бројки, а во продолжение ќе видите Топ 7 на тие возила.
- McLaren F1 – 386 км/ч
Животното дело на Гордон Мареј секако е McLaren F1, кој користеше мотор на BMW, а полни шест години беше најбриот автомобил во светот.
- Bugatti Veyron – 408 км/ч
Првиот сериски автомобил, кој ја проби границата од 1000 коњски сили и прв сериски автомобил кој ја проби границата од 400 км/ч заслужува голем респект.
- SSC Ultimate Aero – 412 км/ч
Американскиот снагатор го симна Bugatti Veyron од тронот. За погон користи 6.4-литарски V8 со 1.183 коњски сили, а карактеристичен е по тоа што нуди чисто возачко уживање.
- Bugatti Chiron – 420 км/ч
Според официјалните податоци најголемата брзина изнесува 420 км/ч, но многумина тврдат дека бил управуван со многу повисока брзина. На снимање на емисијата The Grand Tour наводно била постигната брзина од 450 км/ч, додека Италијанците трврдат во целосно отворени поставки може да достигне и 463 км/ч.
- Bugatti Veyron Super Sport – 431 км/ч
Во споредба со обичниот Veyron овој е чувствително помоќен. Верзијата Super Sport располага дури со 1200 место 1001 коњска сила па е способен да стигне до 431 км/ч. Овој автомобил стана рекордер во 2010 година.
- Hennessey Venom GT – 435 км/ч
Отровот доаѓа во мали дози, поточно во 29. Venom GT ќе ги расплаче и најхрабрите возачи, животинските 1244 коњски сили кои произведуваат 7.0 twin-turbo V8 мотор ги фрла на задните тркала со помош на рачен менувач со шест брзини и вози 435 км/ч. Кој има 1,25 милиони долари за автомобил не би требало да штеди на полисата за животно осигурување.
- Koenigsegg Agera RS – 447 км/ч
Хипер спортскиот автомобил од Шведска, Koenigsegg Agera RS е убедливо најбрзиот автомобил во светот. Благодарение на тежината од само 1.395 килограми за овој потфат му се доволни 1.360 коњски сили и 1.371Nm.
Засега листата е ваква, барем додека Hennessey Venom F5 не докаже дека е новиот рекордерд. Според тврдењата на произведителот има 1.600 коњски сили, што е доволно за да ја постигне брзината од 484 км/ч, но ова допрва ќе треба да се потврди при официјалното мерење.