Кои се победниците на изборот “Светски автомобил на годината“

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Ioniq 6 беше прогласен како најдобар избор во три категории на наградите за „Светски автомобил на годината“ за 2023 година и истовремено ја доби и главната награда „Светски автомобил на годината за 2023 година“. Тоа го прави бренд што втора година по ред е троен победник на изборот.

Новиот електричен седан беше прогласен за „светско електрично возило на годината“, неговиот дизајн беше издвоен како најдобар во 2023 година и беше прогласен за севкупен автомобил на годината на саемот за автомобили во Њујорк. Сестринската марка на Hyundai, Kia, исто така заработи признание, бидејќи EV6 GT беше прогласен за автомобил на годината за светски перформанси.

Единствените категории во кои возилото на Hyundai Motor Corporation не беше прогласено за најдобро беа „Светскиот луксузен автомобил“ и „Светскиот урбан автомобил“. Тие награди ги освоија Lucid Air и Citroën C3.

Зад Hyundai Ioniq 6 во изборот за „Светски автомобил на годината за 2023 година“, се пласираа Kia Niro и BMW X1/iX1.

Kia EV6 GT беше избран за автомобил со светски перформанси за 2023 година, пред Toyota GR Corolla и Nissan Z.

Други победници на овој избор за 2023 година се Citroen C3 кој е најдобар во категоријата World Urban Car и целосно електричниот Lucid Air во категоријата World Luxury Car.

Досегашни победници на Светски автомобил на годината

2023: Hyundai Ioniq 6
2022: Hyundai Ioniq 5
2021: Volkswagen ID.4
2020: Kia Telluride
2019: Јагуар I-Pace
2018: Volvo XC60
2017: Jaguar F-Pace
2016: Mazda MX-5
2015: Mercedes C-Class
2014: Audi A3
2013: Volkswagen Golf
2012: Volkswagen Up!
2011: Nissan Leaf
2010: Volkswagen Polo

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK