Фото: Пнеуматик

Кога менувате гуми менувајте ги и вентилите

ОБЈАВЕНО НА:

Од 15 ноември стапува на сила законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата, а како најдобра опрема секако е поседувањето на зимски гуми. Обврската за поседување зимска опрема во возилата трае до 15 март следната година. Возачите сега веќе ги менуваат гумите и пеминуваат од летни на зимски.

Но, со менување на гумите задолжително треба да се сменат и вентилите.
Возачите кога менуваат гуми ги менуваат сите четири одеднаш. Тоа е вистинскиот начин на менување. Ставање на зимски гуми само на погонските тркала е погрешен начин. Тоа придонесува за небезбедно возење, особено при сопирање.

Но, освен менување на гуми треба да се знае дека задолжително треба да се сменат и вентилите на гумата. Производителот препорачува, на секое менување на гуми, особено кога се менуваа од бандажи или се купуваат нови, задолжително да се смени и вентилот.

„Таков вентил чини 50 денари. Тој е гумен и се става на бандажот. При вртења има сила која влијае на вентилот и може да го оштети. Така гумата може да дише, а намалениот притисок на гумата може да направи две работи. Прво, со намалување на притисокот се зголемува трошењето на гумата.
Ако пропишаниот притисок е 2,2 бара и притисокот се намали на 1,9 бара тогаш трошењето на гумата се зголемува за 30 отсто. Ако се минуваат 50.000 км. со гумата, со вака мал притисок ќе се минат 35.000 км. Ако се намали притисокот на 1,5 бара, тогаш трошењето се зголемува за 70 отсто, и би поминал само 15.000 км. Тоа е најчесто поради лошиот вентил. Ако гумите чинат 200 евра, наместо пет години возачот ќе ги вози две години, и загубил 120 евра бидејќи не го сменил вентилот, објаснува Александар Трајковски од Пнеуматик во разговорот за 24ауто.

Целиот разговор можете да го прочитате на следниот линк.

ИНТЕРВЈУ Александар Трајковски: Македонските возачи се совесни – за сопствена безбедност возат со зимски гуми

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK