Кога читаш лошо: Шлепер со нови автомобили заглави во германско село

ОБЈАВЕНО НА:

Едицијата “Зошто да не и верувате на GPS навигацијата?” стана збогатена за уште една причина – шлепер со нови автомобили заглави во едно германско село и сето тоа благодарение на GPS навигацијата.

Камионџијата натоварен со осум нови Ford Focus автомобили следејќи ја навигацијата на својот камион наместо на вистинскиот пат се нашол среде малото село Аремберг.

Центарот на ова село кое се наоѓа во близина на германско-белгиската гранциа се карактеризира со тесни улици, па така овој возач на камионот со двојна приколка при правење на неколку маневри оштети дел од селскат инфраструктура како и дел од автомобилите.

Според пишувањата на германските медиуми оштетени се неколку жардинери, бандери, огради и кровови, а исто така оштетен е и страничниот дел од еден Focus. Штетата која ја предизвикал на инфраструктурата изнесува нешто повеќе од 10 илјади евра.

Целата акција за “одглавување” на шлеперот траела неколку часа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK